Од денеска јавно ќе се објавуваат цените на маркетите – трговците бараат одложување
Од денеска стапува на сила нова обврска за сите големи трговци на мало, јавно објавување на цените на производите што ги нудат. Оваа мерка се однесува на супермаркети, аптеки, продавници за бела техника и мебел, како и продавници за градежни материјали...

Од денеска стапува на сила нова обврска за сите големи трговци на мало, јавно објавување на цените на производите што ги нудат. Оваа мерка се однесува на супермаркети, аптеки, продавници за бела техника и мебел, како и продавници за градежни материјали.
Трговски субјекти бараат одложување. Велат, не се подготвени кадровски и технички за секојдневни ценовни ажурирања со кои треба да почнат од утре. Додека пак, приватните фармацевти бараат обврската да не важи за нив.
Граѓаните се скептични дека транспарентноста ќе го ублажи ценовниот удар.
Од друга страна, Владата ја подготвува потрошувачката кошница, во неа домашното овошје и зеленчук се доминантни. Сезонски ќе се избираат со новата методологија.
