Украина

Зеленски ја обвини Кина дека испорачува оружје за Русија

18.04.2025 08:43

Пекинг официјално се позиционираше како неутрален кон војната на Русија против Украина, но во исто време ги продлабочи економските врски со Москва и ја поддржа Русија во лицето на западните санкции...

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека украинското разузнавање добило информации дека „Кина и испорачува оружје на Руската Федерација“. Пекинг официјално се позиционираше како неутрален кон војната на Русија против Украина, но во исто време ги продлабочи економските врски со Москва и ја поддржа Русија во лицето на западните санкции.

На почетокот на месецов Украинците објавија дека заробиле двајца кинески државјани кои се бореле на руска страна во областа Доњецк. Подоцна, Зеленски објави дека најмалку „неколку стотици“ кинески граѓани се борат на страната на Русија во Украина.

„Добивме информации дека Кина и доставува оружје на Руската Федерација. И ние сме подготвени детално да разговараме за тоа. Не дека сме изненадени, но навистина не сакавме да ги видиме фактите на кои бевме сведоци. Затоа што, на крајот на краиштата, имав разговор со кинескиот лидер за време на оваа војна. И му поставив директно прашање за оружјето, а тој ми даде збор дека нема да продава оружје и да го испрати во Русија. Но, за жал, сега гледаме различни информации за нивната одбрана, во секој случај. И ова се лоши факти“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.