свет

Жбогар: За траен мир мора да учествуваат сите страни

18.04.2025 11:35

Рускиот претставник изрази скептицизам за прекин на огнот...

Консултации на Советот за безбедност за прекинот на огнот во руско-украинската војна. Рускиот претставник изрази скептицизам за прекин на огнот. Посочи дека имало обид за ограничен прекин на огнот на енергетската инфраструктура што не бил почитуван од украинската страна.

Словенечкиот претставник во Советот за безбедност Самуел Жбогар рече дека Советот разговарал за Украина во затворен амбиент, Русија се обидела да ја исклучи Украина од дискусијата. Неговиот став е дека за да се постигне траен мир, треба да бидат вклучени сите страни во војната.