Половичен ефект во Тромсо

10.08.2014 21:08

Македонските шахисти ремизираа со Ирска 2-2 во осмото коло на Олимпијадата што се одржува во Тромсо. Сите четири партии завршија нерешено, на првата табла Чоловиќ со Бабурин, на втората Панчевски со Колинс, на третата Митков со Лопез, а на четвртата Богдановски против Дејли. Денешното беше прво реми за нашата репрезентација којашто во претходните седум настапи оствари четири победи, а трипати загуби.

Во конкуренција на дамите, Македонија претрпе пораз од Австрија со 2,5:1,5. Пресудна беше победата на Мосер над Коскоска на првата табла. Стојковска против Невркла, Бејатовиќ со Новковиќ и Николовска против Хапала освоија половина поен.