Православните верници го одбележуваат Велипеток
Велипеток е најтешкиот и најтажен ден во христијанството. Верниците денеска се во храмовите на целивање. Продолжуваат подготовките за Велигден, но и се одржуваат обичаите и традициите како зацврстување на семејните вредности и заедништво...

На Велипеток храмовите отворени, ама е тивко и достоинствено. Верниците се на целивање на најтажниот ден, на распнувањето и оплакувањето на Исус Христос. Строг пост е.
Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан утрово богослужеше во храмот „Света Петка“ во Црниче, а попладне и во Соборниот храм.
Граѓаните се во храмовите, но и ги забрзуваат подготовките за Велигден.
Традициите и обичаите во основата се задржале. Повеќегенерациското семејно заедништво помага во одржувањето, иако дел се видоизмениле.
Граѓаните се во исчекување на Христовото Воскресение-Велигден.
Елизабета Митреска
