Вардар осамен лидер!
Зад Вардар се три екипи со по четири бода, односно со биланс една победа и едно реми, меѓу нив и Металург и Силекс кои денеска одиграа нерешено 1-1...

Вардар ја совлада Шкендија со 3-0 во дербито на второто коло од нашата најквалитетна фудбалска конкуренција. На арената „Филип втори“ стрелци за Вардар беа Ивановски во 34-та и во 76-та минута и Дашјан во 55-та, по што скопскиот тим го презеде водечкото место на табелата со максимални шест бода. Зад Вардар се три екипи со по четири бода, односно со биланс една победа и едно реми, меѓу нив и Металург и Силекс кои денеска одиграа нерешено 1-1.
Лескароски погоди за Металург во 19-тата, а израмни Георгиев во 24-тата минута. Пелистер триумфираше кај Турново со 1-0 со голот на Љамчевски на пет минути до истекот на времето, а со ист резултат 1-0 гостинска победа оствари и Брегалница против Тетекс.
Стрелаше Мишев уште во втората минута. Вчера Реноваго освои целиот плен против Работнички со 2-1, па тетовскиот клуб е на исто рамниште со Металург и со Силекс, а зад Вардар. Шкендија, Брегалница и Пелистер имаат по три, Тетекс еден бод, а на нула и на дното се двете најдобри екипи од минатата сезона – Турново и шампионот Работнички.
