Кошарка

Победа!!!

10.08.2014 23:03

Со тројка на Марко Симоновски на три секунди до крајот на продолжението, македонските кошаркари ја совладаа Белгија со 76-73 во првиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2015-та. Двете репрезентации одиграа трилер натпревар во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Откако Војдан Стојановски не успеа да искористи положување со звукот на сирената, решаваа дополнителните пет минути.

Противникот, кој важеше за фаворит, водеше во поголемиот дел од мечот, ја доби првата четвртина со 19-16, а на полувреме имаше предност од 36-23. Но  во вториот дел Македонија одигра подобро, ја анулираше негативата и пропушти шанса за победа уште во основниот тек. По 40 минути на семафорот пишуваше 62-62, а во продолжението нашиот национален состав оствари плус три (14-11), долволно за прв триумф во квалификации.

Војдан Стојановски и Бојан Трајковски со по 16 коша беа најефикасни кај нас, а Александар Костовски постигна 14. Значителен придонес имаше и Ричард Хендрикс со 11 скока и со 8 поени, како и Дарко Соколов со девет коша.

Наредните три натпревари Македонија ќе ги игра на гости, првиот в среда во Данска.