реакции
Плата веднаш по празниците, соопштија од Министерството за култура
18.04.2025 17:31
Од таму велат дека доцнењето е заради усогласување на пресметките со министерството за финансии...

По реакциите и револтот на вработените во културните институции дека не им е исплатена мартовската плата во законскиот рок и најавите на Синдикатот за протест по празниците пред портите на Култура, од Министерството стигна информација дека ќе ги добијат платите во првите два работни дена од следната недела согласно колективниот договор.
Од таму велат дека доцнењето е заради усогласување на пресметките со министерството за финансии.
