Временска прогноза

Сончево и топло време со мала до умерена облачност

19.04.2025 08:07

Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието...

Денеска ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 5 до 11, а максималните ќе достигнат од 18 до 26 степени.

Во Скопје слично време, но ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 10, а максималните ќе достигнат до 25 степени.