Tри лица загинаа, осум се повредени во сообраќајна несреќа, што синоќа се случила меѓу три возила на патот Кичево – Гостивар
Сообраќајна несреќа што синоќа пред 21 часот се случила меѓу три возила на патот Кичево – Гостивар кај селото Трапчин дол. Повредените лица, се пренесени во болницата во Кичево и во комплексот клиники „Mајка Тереза“ во Скопје.

Tри лица загинаа, осум се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа пред 21 часот се случила меѓу три возила на патот Кичево – Гостивар кај селото Трапчин дол. Повредените лица, се пренесени во болницата во Кичево и во комплексот клиники „Mајка Тереза“ во Скопје.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со увидни екипи од МВР изврши увид на самото место. Подигнати се траги од самото место кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телата на починатите, како и за испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции кај повредените.
По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија. Поради несреќата сообраќајот на оваа патна делница беше во прекин во двата правци за сите видови возила два ипол часа.
