Велигден

Велика Сабота, денот меѓу смртта и воскресението

19.04.2025 09:11

Велика Сабота, ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, денот што ги спојува распнувањето и радоста...

Денеска е Велика Сабота, ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник-Велигден.

Точно на полноќ, биењето на камбаните ќе го означи Христовото воскресение. За Христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта, и доброто над злото.

Верниците ги посетуваат црквите, палејќи свеќа со желби за здравје и благосостојба.