Роџерс купот за Цонга
Во своето трето мастерс финале, прво во Торонто,цели 6 години по Париз, францускиот тенисер Жо Вилфред Цонга го освои вториот мастерс трофеј во кариерата.

Во своето трето мастерс финале, прво во Торонто,цели 6 години по Париз, францускиот тенисер Жо Вилфред Цонга го освои вториот мастерс трофеј во кариерата.
Заслужено.И повеќе од тоа ако се има предвид дека до финалето стигна по победи над тројца од Топ 10 тенисерите: Ѓоковиќ,Мареј, Димитров и во големото финале над Федерер. Повеќе од 2 часа се играа двата финални сета во кои Цонга постојано беше за нијанса пред швајцарскиот маестро.Првиот го доби со реализација на првата брејк шанса во 12-от гем со 7-5, вториот го реши во тај-брејкот откако Федерер претходно спасуваше меч топки. На крајот решавачки се покажаа невообичаено големиот број неизнудени грешки на Федерер.
За најдобрите нема одмор. Денеска почниваат мечевите на 7-от Мастерс сезонава во Синсинати. Цонга е 12-ти носител и во првото коло ќе игра со Јужњи, за разлика од првите 8 носители кои се слободни во првото коло, а меѓу нив одново го нема РАфаел Надал поради повреда. Преносите се на МРТ собранискиот сервис.
