Земјоделство

Младите бегаат од земјоделството и сточарството

20.04.2025 14:36

И покрај високите плати кои ги нудат, сточарите тешко наоѓаат работници. Недостиг на работна сила има и во земјоделието. Младите не се посветуваат на производство на храна. Актуелната мерка за помош на младите земјоделци нема значително да ја промени сликата, велат од Националната земјоделска мрежа. Бројот на регистрирани земјоделци е околу 65 илјади, за околу 25 илјади помалку од пред десеттина години...

Македонија се соочува со недостиг на земјоделци. Производството на храна опаѓа и зависиме од увозна и поскапа храна. На сточарските фарми тешко се наоѓаат работници и покрај високите плати.

Младите не се заинтересирани да се занимаваат со земјоделство, земјоделците од истокот велат дека после нив нивите и фармите ќе останат празни.

Во тек е јавниот повик за помош на млади земјоделци. Условот е да се до 40 години и со земјоделие да се занимаваат не подолго од година ипол. Имаат право на грант од 10 илјади евра. Ниту висината на грантот ниту опфатот нема да даде резултати, велат од Националната земјоделска мрежа.

Каракашев смета дека треба да се применат позитивните искуства од Словенија, каде младите земјоделци за поткренување бизнис во аграрот добиваат поддршка од 50 илјади евра, со можност за уште толку доколку имаат развој во првите години.

 

Славица Величковска