Внимателно со исхраната по постот, препорачуваат лекарите
Постот е потребен за духовното и телесното здравје на човекот. По завршувањето на 40 дневниот пост, најважен е преминот од посна кон мрсна храна, особено во првата недела, лекарите препорачуваат внес на лесна храна повеќе, салати и безалкохолни пијалоци, за да нема последици по здравјето.

Велигденскиот е најдолгиот и најстрогиот пост во христијанството. 39 годишната, Маја Митровска уште во тинејџерските денови научила за постот преку примерот на нејзиното семејство а повеќе од 14 години и самата е пример за своите деца. Вели тоа е единствениот начин да се приближиме кон бога, но истовремено и потреба за духовното и телесното здравје.
Светите отци постот уште го нарекуваат и мајка на здравјето, а современиот начин на исхрана, се повеќе му придава значење а на постот.
Во првата седмица по завршувањето на постот, потребно е многу да се внимава на внесот на храна треба да се консумираат лесни оброци, повеќе салати и безалкохолни пијалоци, за да не дојде до нарушување на здравјето, советуваат лекарите.
Искуствата од минатите години говорат дека првите пациенти како резултат на прејадување, во Ургентниот центар-доаѓаат веднаш после велигденскиот ручек, но и во следените неколку дена. Лекарите апелираат да се внимава на прекумерниот внес и нутритивната вредност на храна.
Постот е потреба и за телесното и духовното здравје.
Александра Максимовска
