Велигден

Велигденската трпеза зависна од буџетот

19.04.2025 13:38

Каква ќе биде велигденската трпеза е зависно како ќе дозволи семејниот буџет, е ставот на граѓаните. Реагираат на поскапи производи. Од месарниците пак со тврдења дека нема значајни разлики на цените, споредено со лани. Дури велат има и намалувања кај месото...

Течат последните подготовки за велигденската трпеза. За бројни граѓани таа ќе биде богата колку што ќе дозволи семејниот буџет. И овој празник велат се чувствува секојдневниот раст на цените. Најмногу се купува месо и јајца, но и раноградинарските култури, кои достигнаа висока празнична цена. Пресметките покажаа дека најмалку 3000 денари ќе тежи велигденската кошничка. Цената на јајцата се движи од 160 до 230 денари. Килограм свинско месо чини од 330 до 360 денари.

„И месо скапо, зејтин, се е скапо, овошјето, зеленчукот за ниските плати, социјалците е жално“, вели една граѓанка.

„Цените се исти како и порано нема некоја разлика, некои поактуелни што се јајцата“, дополни друг кумановец.

„Не верував дека ќе се намалат, поскапи ќе бидат, што ќе дозволиме доколку нема пари“, нагласи трет.

Од кумановските месарници на став нема значајни разлики во цените од лани. Килограм јагнешко чини 650 денари. Свинското и пилешкото месо пак велат е поевтино за 50 денари. Цената на јагнешкото велат е покачена од производителите.

„Јунешко засега послабо оди за овој христијански празник, се троши јагне, свинско, имаме и прасиња 350 денари во големи количини денеска ќе добиеме и прасе, можеби затоа што е поевтино од јагнешкото месо и повеќе се троши прасешкото“, вели Љубиша Денковиќ, месар Куманово.

Скромно или богато, граѓаните велат најважно е празникот да помине во мир и добро здравје.

Одлуката за замрзнати цени и ограничени маржи важи до крајот на април. Инспекторатот за деновиве најави зајакни контроли и казни за прекршителите.

 

Елена Георгиевска