Земјоделците ќе здивнат од дождовите!

11.08.2014 09:51

Неделава земјоделците ќе здивнат од дождовите. Управата за хидрометеоролошки работи предвидува топло и стабилно време...

Неделава земјоделците ќе можат да ги продолжат активностите на полињата. Според прогнозите следува период на стабилно, суво и многу топло време, без дождови.

Ваквите услови според агрометеоролозите ќе овозможат идеални услови за извршување на сите агротехнички мерки. Заштитата од болести и штетници  и во наредните денови ќе биде приоритет,а зголемувањето на бројот на сончеви часови ќе придонесе за квалитетно зреење на земјоделските производи.

Влагата во почвата во поголемиот дел од површините достигнува оптимални вредности.

Неповолните временски услови сепак зедоа дел од родот особено кај есенските култури и долгогодишните насади.

 

Методија Трајков