Сообраќајна несреќа

Кај Гевгелија со автомобил излетал од коловозот 19 годишник, починал на самото место

19.04.2025 14:01

Околу 4 часот со автомобил излетал од коловозот на регионалниот пат село Миравци – село Давидово. Починал на самото место. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Гевгелија.

Утрово кобно и за 19 годишник од село Миравци. Околу 4 часот со автомобил излетал од коловозот на регионалниот пат село Миравци – село Давидово. Починал на самото место. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Гевгелија.

Увид извршил јавен обвинител и екипа од гевгелиската полиција.

По наредба на обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.