Нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
Нашите деца беа убиени од алчноста, рекоа семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои го одржаа третиот протестен марш. Тие, чекорејќи од Паркот на револуцијата кон трговскиот центар, општината, полицијата и Основниот суд обвинија дека реакцијата била задоцнета и побараа одговорност од сите виновници за трагедијата која досега однесе 62-живота, откако тројца во болница им подлегнаа на повредите.

Трет протестен марш во Кочани, семејствата на жртвите бараат правда и одговорност за пожарот во дискотеката „Пулс“. Порачаа – „Нашите деца беа убиени од алчност, правдата мора да излезе на виделина“. Во пожарот на 16 март загинаа 62 лица, а 193 беа повредени. Под истрага за настанот до сега се повеќе од 60 лица.
Блиски на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ и голем број граѓани и денес излегоа на протестен марш во Кочани. Со фотографии на починатите и со транспаренти изразија незадоволство од досегашната реакција на надлежните. Бараат одговорност од сите кои придонеле за трагедијата
Градоначалникот Крстевски рече дека правда и одговорност мора да има
„Нашите деца беа убиени од алчноста, правдата мора да излезе на виделина. Системот ги уби нашите деца. Стоп за селективната правда“-беа дел од пораките денес. Протести во Кочани ќе има секоја сабота.
Славица Величковска
