Јемен

Протести во Јемен по смртоносниот американски напад врз позиции на Хутите

19.04.2025 19:15

Луѓе излегоа на протест на улиците на Сана, главниот град на Јемен по смртоносниот американски напад врз позиции на Хутите, во којшто загинаа 90 луѓе, а над 170 беа ранети...

Илјадници луѓе излегоа на протест на улиците на Сана, главниот град на Јемен по смртоносниот американски напад врз позиции на Хутите, во којшто загинаа 90 луѓе, а над 170 беа ранети. Вашингтон порачува дека ќе продолжи со кампањата сè додека бунтовниците не се откажат од нападите врз трговски бродови во Црвено Море и во Аденскиот залив.

Ударот врз пристаништето Рас-Иса, каде што се погодени и капацитети за нафта, претставува сериозна ескалација.

САД соопштија дека целта е групата, поддржана од Иран, да остане без илегалните приходи што последниве 10 години ги користи за напади во регионот.