ИН МЕМОРИАМ

Почина Тоше Поп Симонов, музички великан, композитор и продуцент

19.04.2025 19:44

Во раните 1980-ти, Поп-Симонов бил член на групата „Пост скриптум“, од која подоцна произлегол култниот бенд „Бастион“, каде што свирел гитара заедно со Кирил Џајковски...

На 63 годишна возраст почина Тоше Поп Симонов, македонски музичар, композитор и аранжер. Во раните 1980-ти, Поп-Симонов бил член на групата „Пост скриптум“, од која подоцна произлегол култниот бенд „Бастион“, каде што свирел гитара заедно со Кирил Џајковски. 

Во текот на својата кариера учествуваше во создавање на многу хитови, а меѓу значајните соработки на Поп-Симонов е со Тоше Проески, Ена Веко, Јаков Дренковски, со хрватската пејачка Алка Вуица, Верица Пандиловска и уште многу други македонски и странски музичари.

Тоше Поп-Симонов има придонес и во филмската музика, како што е неговата работа на филмот „Пред дождот“, каде што бил дел од музичкиот оддел.

На социјалните мрежи, роднини, пријатели, познаници се простуваат од Поп-Симонов.