Ќе се градат 20-тина мини акумулации во источниот регион
Во планот на општините од источниoт регион е изградба на дваесетина мини акумулации, кои ќе ќе бидат доволни за наводнување на околу 30.000 хектари земјоделско земјиште. Изгрдабата на секоја акумулација чини околу 2 милиона евра. Парите ќе се обезбедат од грантови и од државниот фонд за изградба на мини акумулации...

Општините од источниот регион, планираат да инвестираат околу 50 милиони евра во изградба на 20-тина мини акумулации. Само во Карбинци, акумулации ќе се градат на Раданска, Козјачка и Аргуличка Река.
„Првично, само за акумулациите с епотребни околу 3,5 - 4 милиони евра. Дополнително, уште толку пари се потребни за поставување на водоснабдителен систем за наводнување на 3.000 хектари“, изјави Зоран Минов, градоначалник на Карбинци.
Во Штип, општината изгрдаба на акумулации планира на Судичка Река и на Отиња, но кај Липов Дол. Но она што е најзначајно за штипките замјоделци е враќањето на водата во Лакавичка Река.
„Водите од Мантово ќе потечат во канал за наводнување во Лакавица. Досега овие води неприродно одеа во Радовишко поле. Со изгрдабата на браната кај Подареш, Радовишко ќе се наводнува оттаму, а штипските води од Лакавица е се вратат кај нас. Ќе биде исправена една историска неправда кога природните текови на една река беа свртени во друг правец“, смета Илчо Захариев, градоначалник на Штип.
Вкупно, сите акумулации треба да обезбедат вода за околу 30.000 хектари земјоделско земјиште, нешто што најмногу им значи на земјоделците.
„Без вода не бива ништо. Се може да успее, само ако има вода“, вели Јордан Гичев од с. Таринци.
„Секако дека ќе биде убаво за производство. Ако имаш вода имаш се“, дополнува Милан Крстев од истото село.
„Овде најголем проблем е наводнивањето. Луѓето затоа и се иселија. Додека имаше вода имаше се и млади и производство“, истакна Лазар Колев од с. Таринци.
Изгрдабата на апумулациите поедиченчо чини од два до дваипол милиони евра. Парите ќе се обезбедауваат од грантови и од државниот фонд за изгрдба на мини акумулации.
Оливера Жежова
