Воскресението Христово во Долнени дочекано со нова црква
Во мултиетничката општина Долнени, селото Дупјачани за првпат ќе добие црква „Христово воскресение“. Населението од памтивека го слави најрадосниот празник, ама со прв, осветен храм, радоста е многу поголема...

Се гради црква и духовно спокојство. „Христово Воскресение“. 120-тината жители во селото Дупјачани во мултиетничко Долнени на темелите на стариот објект, ќе добијат осветено светилиште.
Стотина години, за крштевки и венчавки оделе во Прилеп или во блиските Небрегово и Десово. Темелите лани ги осветија, ја подигнаа Црквата. Има уште многу работа.
Радоста е голема, помагаат христијаните, со донации се нудат и соседите муслимани. Оти, најбитни се заедништвото и разбирањето.
Парохиските свештеници се голема помош во секојдневието.
Дупјачани зад себе ја има историјата. Опкружено е со голем број археолошки локалитети.
Елизабета Митреска
