Стотици антивладини протести против Трамп во САД
Во САД се одржаа стотици антивладини протести против Доналд Трамп. Учесниците рекоа дека се борат против прекумерна извршна власт со ненасилен отпор...

На 250-годишнината од почетокот на Американската револуционерна војна, во САД се одржаа стотици антивладини протести против Доналд Трамп. Учесниците рекоа дека се борат против прекумерна извршна власт со ненасилен отпор, и оти со ова сакаат да го изразат револтот против лошата имиграциската политика, економската нестабилност и кратењето на федералната работна сила.
Цел на критики беше и Илон Маск и неговата служба. Во рамки на протестот имаше и работни акции за чистење и собирање донации, а се случија и контрапротести, но немаше поголеми инциденти, иако неколку демонстранти се упасени поради напади врз полицијата.
