Здравство

Лекарка од Италија во посета на повреден пациент во пожарот во Кочани

20.04.2025 19:36

Директорката на педијатриската клиника од Падова, пристигна во Штип за да го посети Симон Крстев, повреден во пожарот во Кочани, кој се лекуваше во Италија...

Директорката на педијатриската клиника од Падова, Сузана Езпосито пристигна во Штип за да го посети Симон Крстев, повреден во пожарот во Кочани, кој се лекуваше во Италија.

Тој таму бил примен со хемиска пневмонија и изгореници од втор степен, а по третманот на клиниката на 1-ви април се врати дома. Симон од клиниката бил испратен од целиот персонал, а тогаш неговиот родителите ја поканиле лекарката да го посети во Македонија.

По пожарот во дискотеката, 44 пациенти сè уште се на лекување во странство. Сите се во стабилна состојба, информираа од Министерството за здравство.