Израел
Нетанјаху: Хамас го отфрли предлогот за заложниците
20.04.2025 20:33
Премиерот Нетанјаху изјави дека Хамас викендов го отфрлил предлогот за враќање на половина од преостанатите живи заложници што ги држи во Газа...

Израелскиот премиер Нетанјаху изјави дека Хамас викендов го отфрлил предлогот за враќање на половина од преостанатите живи заложници што ги држи во Газа, бидејќи барал прекин на војната и повлекување на израелската армија од палестинската енклава.
„Прифаќањето на барањата на Хамас ќе испрати порака до сите непријатели на Израел дека со киднапирање Евреи можат да го фрлат Израел на колена“, рече Нетанјаху, кој се закани дека војната нема да се престане сè додека Хамас не биде уништен.
