АМСМ

Нема подолги задржувања на граничните премини

21.04.2025 09:34

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.

Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.