Зеленски бара 30-дневен прекин на руските напади врз цивилната инфраструктура
Украинскиот претседател Зеленски предложи барем да запре гранатирањето на цивилни објекти на 30 дена. Ова би бил компромис откако Русија не се согласи на генерален, подолг прекин на огнот.

Истече 30-часовниот прекин на огнот за Велигден, што го објави рускиот претседател Путин. Украинскиот претседател Зеленски предложи барем да запре гранатирањето на цивилни објекти на 30 дена. Ова би бил компромис откако Русија не се согласи на генерален, подолг прекин на огнот. Портпаролот на Кремљ Песков за руските новински агенции изјави дека Путин „не дал наредба“ за продолжување на примирјето. Украинското раководство се согласи на прекин на огнот, но пријави повеќе од две илјади и 900 прекршувања на примирјето. „На молкот на оружјето ќе одговориме со молк и на нападите со напади“, рече Зеленски. Руската армија, според Зеленски, била најактивна во регионот на Доњецк во близина на градовите Покровск и Сиверск.
„Доколку Рсија не се согласи на таков чекор, тоа ќе биде доказ дека планира да продолжи со она што уништува човечки животи и ја продолжува војната“, напиша Зеленски на Икс.
Руското Министерство за одбрана објави дека Украина повеќе од илјада пати го прекршила примирјето, користејќи беспилотни летала за напади врз цели во Русија. Сепак, нивниот опсег и број се толку ограничени што нападите немаат трајно влијание врз агресорската војна на Русија против Украина, која го прекршува меѓународното право. Американскиот претседател Трамп се надева дека ќе биде постигнат договор меѓу Русија и Украина, следната седмица.
„Би требало да се надеваме дека Русија и Украина ќе постигнат договор оваа седмица. Двете потоа можат добро да работат економски со Соединети Американски Држави, коишто се во подем, и да заработат богатство“, напиша американскиот претседател во кратката порака, објавена на неговата социјална мрежа.
Милчо Велески
