Втор ден Велигден

Светол понеделник, христијанските храмови полни со верници

21.04.2025 12:36

Ова е почетокот на светлата недела кога се прославува победата на животот и радоста над смртта. Така е и во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје. Запалени свеќи за молитви и желби од сите генерации.

Христијанските храмови преполни со верници, се слави втор ден Велигден – светлиот понеделник. Ова е почетокот на светлата недела кога се прославува победата на животот и радоста над смртта. Така е и во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје. Запалени свеќи за молитви и желби од сите генерации.

Поглаварот на Македонската православна црква г. г. Стефан чиноначалствуваше со литургијата. Пораки за сплотеност кога повторно го осознаваме искупителниот дар на неизмерната божја љубов, на вистинскиот и неминлив живот во кој Бог нè приведе од небитие, благоизволувајќи довека да сопостоиме со него.

Светата црква учи дека Христовото искупително дело за спасението на човечкиот род, потполно и конечно се оствари преку неговото тридневно воскресение. Затоа, рече во своето обраќање Отец Ангел, го слушаме во себе гласот: „Пријдете, примете светлина од незаодливата светлина, и прославете го Христа кој воскресна од мртвите.“

Во светлата седмица се мрси дури и во средата и во петокот бидејќи се блажени денови во кои не се пости.

Фиљана Кока