Култура

Ќе се оспособат салите во прилепскиот театар, ќе се одржи МТФ „Војдан Чернодрински“

21.04.2025 12:59

Пред околу еден месец, инспекторатот од Дирекцијата за заштита и спасување, поради безбедносни пропусти ги затвори салите во прилепскиот Центар за култура и во Театарот. За 40-тина дена ќе се одржува Македонскиот театарски фестивал и уверувањето е и од Министерството и од Фестивалот-пропустите ќе се отстранат, фестивалот ќе се одржи …

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи во Прилеп и очекуваме, салите во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и во Театарот да бидат оспособени и да се надминат безбедносните проблеми, велат од најреномираниот театарски фестивал кој ги следи состојбите со затворените сали во Центарот за култура и во театарот во Прилеп.

Се очекува во салите да се отстранат безбедносните пропусти.

Фестивалот, кој е на прагот на јубилејното, 60-то издание, ќе се одржи од 6 до 13 јуни.

Министерството за култура и туризам уверува дека навреме ќе ги отстрани долгогодишните безбедносни пропусти во прилепските објекти од културата.

Елизабета Митреска