Македонија

Битолските пожарникари со рекорден број на интервенции во првите три месеци

21.04.2025 14:07

Речиси половина од интервенции се на пожари во затворен простор, предизвикани од неисправна инсталација, опожарени електрични броила и неисчистени оџаци-доколку секој во својот дом има ПП апарат, ваквите чести пожари би поминале со помала штета за граѓаните.

Рекорден број на интервенции во првите три месеци бележи битолската територијална противпожарна единица во однос на истиот период од изминатите години. Битолските пожарникари интервенирале во просек по три пати на ден.

Речиси половина од интервенции се на пожари во затворен простор, предизвикани од неисправна инсталација, опожарени електрични броила и неисчистени оџаци-доколку секој во својот дом има ПП апарат, ваквите чести пожари би поминале со помала штета за граѓаните.

И граѓаните го делат истото мислење, повеќето од нив, веќе имаат обезбедено ПП апарат.

Со зголемувањето на температурите-ќе се зголемува и бројот на пожари на отворено, што е дополнителен предизвик за бројот на пожарникари во оваа единица, за која според законот и бројот на население е предвидено да има 70 пожарникари.

Алексанра Максимовска