Струмица почна да гради нов парк за да се намали аерозагаденоста во градот
Струмица почна да гради јавна зелена површина која ќе биде на површина од 4 хектари. Станува збор за нов парк со кој би требало да се намали аерозагаденоста во градот, а парите се обезбедени од ЕУ и од УНДП …

Почна да се гради паркот во Струмица кој треба ја намали аерозагаденоста во ова општина. Со пари од ЕУ но и од УНДП во населбата Карпош треба да никне парк на површина од околу 40 илјади квадратни метри место каде првично се планираше трговски центар.
Паркот како решение против аерозагаденоста го побараа и граѓаните на Струмица преку Форум на заедницата. Втората фаза се планира преку УНДП при што се планира и дигитализација на ова површина.
Во Струмица според проекциите се планира да се гради и боемски парк, но и на излезот кон Валандово со изградбата на социјалната населба од околу 30 илјади квадратни метри.
Ване Трајков
