Ново примирје на Појасот Газа
11.08.2014 10:35
Надежите се дека овојпат преговарачите ќе успеат да договорат подолгорочен мир...

Израел и Палестинските фракции се договорија за ново 72-часовно примирје. Египет издејствува сличен прекин на огнот и минатата недела, но борбите продолжија веднаш штом заврши.
Надежите се дека овојпат преговарачите ќе успеат да договорат подолгорочен мир. Но, во часовите пред примирјето, два израелски проектила погодија фабрика во Газа, за која сопствениците тврдат дека произведувала средства за чистење.
Во конфликтот до сега настрадаа над 2.000 луѓе, од кои 1.900 палестинци, главно цивили.
