Синдикатот на културата излегува на протест пред министерството
Синдикатот на културата денеска напладне излегува на протестен собир пред ресорното министерство. Разочарани од односот поради кој 3.000 работници за велигденските празници останаа без плати. Револтот е уште поголем што истото се повторува секоја година...

Синдикатот на културата денеска напладне излегува на протестен собир пред ресорното министерство. Разочарани од односот поради кој 3.000 работници за велигденските празници останаа без плати. Револтот е уште поголем што истото се повторува секоја година. Покрај ова, не се откажуваат и од поднесување тужби за непочитување на колективните договори.
Министерот за култура пред три дена преку социјалните мрежи им се извини на вработените за доцнењето, со ветување дека ќе ги добијат платите заедно со зголемувањето на почетокот на оваа недела.
Љутков појасни дека причина за доцнењето е усогласувањето на платите со Министерството за финансии.
