Собранието ќе ја одржи 44. седница
Собранието денеска ќе ја одржи 44. седница, на која треба да расправа за Предлог на законот за енергетика, во прво читање, како и дополнетите предлог одлуки за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата...

Собранието денеска ќе ја одржи 44-та седница, на која треба да расправа за Предлог на законот за енергетика, во прво читање, како и дополнетите предлог одлуки за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата.
На дневен ред се и Предлог на одлуката за именување на директор на Агенцијата за квалитет во високото образование и Предлог на одлуката за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на Народниот правобранител, во второ читање.
На оваа седница се и неколку предлог-закони во второ читање – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог на законот за изменување на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за вработување и работа на странци, Предлог на законот за изменување на Законот за Европски работнички совет, Предлог на законот за изменување на Законот за евиденциите во областа на трудот, Предлог на законот за изменување на Законот за практикантство, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за правна заштита на услугите кои се засноваат на, или опфаќаат, условен пристап. Исто така и предлог законите за изменување на Законот за мирно решавање на работните спорови, на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, на Законот за стечај, на Законот за индустриската сопственост, на Законот за надзор на пазарот, на Законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност.
Треба да се расправа и за Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за процена и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права.
