ТРГОВИЈА
Трамп тврди дека ќе постигне договор со сите земји
22.04.2025 08:58
Трамп рече дека верува оти неговата администрација ќе може да постигне договор со сите нации за царините...

Шефот на Белата куќа изрази доверба во американската економија и покрај падот на берзата. Трамп рече дека верува оти неговата администрација ќе може да постигне договор со сите нации за царините. Потпретседателот Венс е во четиридневна посета на Индија, во момент кога Делхи се стреми да ги избегне американските царини.
Кина која се соочува со највисоки царини од САД ги предупреди земјите да не прават договори со Вашингтон што би им наштетиле на интересите на Пекинг.
