Ватикан

Светот се простува од папата Франциск

22.04.2025 09:06

Светот се простува од папата Франциск. Ватикан објави дека е запечатена официјалната резиденција на папата. На денешното прво собрание ќе биде решен датумот на погребот. Мора да се случи меѓу четвртиот и шестиот ден по смртта на папата. Негова желба била да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“…

Светот се простува од папата Франциск. Ватикан објави дека е запечатена неговата официјалната резиденција. Неговата светост почина од мозочен удар и срцева слабост. Се закрепнуваше од двојна пневмонија поради која беше хоспитализиран пет недели. Ужалени верници во катедралите во светот оддаваат последна почит.

„Се сеќавам кога стана папа. Ја гледав целата работа на телевизија. Така што сè уште сум шокиран откако слушнав дека починал затоа што пред околу 3 дена видов дека е во Рим луѓе!“, рече верник.

„Денес, целиот свет посакува нов папа, за некој кој може да ја донесе црквата, како што направи Франциск на ново ниво на духовност“, изјави друг.

„Револуционерен папа, вистински папа. Можеби различен од другите, многу близок со најслабите, до скромните“, изјави друг верник.

135 кардинали од сите континенти се поканети во Светата Столица да присуствуваат на погребот и општите конгрегации, пред конклавата на која ќе биде избран новиот поглавар. На првото собрание ќе биде решен датумот на погребот, кој според правилата мора да се случи меѓу четвртиот и шестиот ден по смртта. Последна желба на папата е да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“, наместо во базиликата „Свети Петар“.

„Во свет управуван од глобализацијата на рамнодушноста, светот ја чувствува тишината на неговиот глас исто како што неговиот збор остана единствениот способен да не попушти пред неуспехот во потрагата по мир“, изјави Кардинал Балдасар Реина, викар на Рим.

Светските лидери со пораки до верниците, дел најавија паузирање на политичките кампањи.

„Чест ми е што имам поддршката од католиците и се чувствувам многу лошо за нив, тие го сакаат папата“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

„Франциск беше папата на надежта. Во своето збогување, тој ја обнови вербата во човештвото и замисли подобра иднина за сите. Тој рече дека љубовта ја победи омразата, вистината ја победи лагата, а простувањето ја победи одмаздата“, изјави Луис Инасио Лула да Силва, претседател на Бразил.

„Почестите што ги видовме од целиот свет зборуваат за вистинското чувство на поврзаност на луѓето со папата, за квалитетите што ги препознаваа и му се восхитуваа. Денес знамињата ќе се веат на половина копје на зградите на Комонвелтот околу Австралија, како знак на почит кон светиот отец“, изјави Ентони Албанес, премиер на Австралија.

На 7-ми мај 2019 година папата Франциск беше во историска посета на Македонија и стана првиот папа кој ја посетил земјава.

 

Маријана Димовска