Светски ден на планетата земја
Во фокус на одбележувањето на Светскиот ден на планетата земја, 22-ри април, годинава е утројувањето на глобалното производство на електрична енергија од обновливи извори до 2030-та година...

Во фокус на одбележувањето на Светскиот ден на планетата земја, 22-ри април, годинава е утројувањето на глобалното производство на електрична енергија од обновливи извори до 2030-та година.
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, ќе одржи вебинар за информирање за сопствено производство на електрична енергија од обновливи извори.
Според извршната директорка на „Еко-свест“, Ана Чоловиќ-Лешоска, преминот кон обновливи извори на енергија, покрај тоа што е обврска од меѓународни договори и пактови, е и морална обврска кон идните генерации. Енергетската транзиција мора да биде праведна. Тоа значи, активно учество на заедниците во одлуките што се носат за развојот на нивните заедници“, истакнуваат од „Еко-свест“!
