МВР

Приведени две лица од тетовско, управувале возила со брзина поголема од дозволената

22.04.2025 10:42

Вчера во 15.00 часот на регионален пат Тетово - с. Јажинце, на влез за с. Теарце, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Е.А.(28) од с. Порој, тетовско...

Вчера во 15.00 часот на регионален пат Тетово - с. Јажинце, на влез за с. Теарце, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Е.А.(28) од с. Порој, тетовско, кој управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 103 км на час на место каде максималната дозволена брзина е 50 км на час во населено место, информираат од МВР.

Додека, во 18.54 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај место викано „Студена вода“, полициски службеници го лишиле од слобода С.Р.(35) од с. Ѓермо, тетовско, кој управувал патничко возило „БМВ“ со германски национални ознаки со брзина од 173 км на час на место каде дозволената максимална брзина е 100 км на час, надвор од населено место.

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.