Ердоган: Турција се издигна од пепелта

11.08.2014 10:43

Ако освои и втор претседателски мандат, Ердоган би можел да владее со земјата до 2024 година...

Досегашниот премиер Ердоган е новиот претседател на Турција. Го надмина прагот од 50 проценти и ја однесе победата уште во првиот круг. Го поддржале околу 56 проценти од гласачите.

Со говор од балконот на партискиот штаб во Анкара, Ердоган ги поздрави гласачите и порача дека ќе работи за народот, земјата и поголема демократија. Сите се задоволни во Сараево, во Скопје, во нашите братски држави, во Техеран, изјави првиот турски претседател избран од народот.

„Денес е денот кога Турција се издигна од пепелта. Денот кога се поставија темелите на новата Турција. Сакам да потенцирам дека јас ќе бидам претседател на сите 77 милиони луѓе, а не само на оние коишто гласаа за мене“, рече новиот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Ако освои и втор претседателски мандат, Ердоган би можел да владее со земјата до 2024 година.