Блиски Исток
Египет и Катар со нов предлог за примирје во Појасот Газа
22.04.2025 11:43
Египет и Катар со нов предлог за примирје во Газа кој вклучува прекин на огнот меѓу пет и седум години, целосно израелско повлекување од енклавата и размена на заложници за затвореници...

Египет и Катар со нов предлог за примирје во Газа кој вклучува прекин на огнот меѓу пет и седум години, целосно израелско повлекување од енклавата и размена на заложници за затвореници.
Светските агенции јавија дека Хамас изразил подготвеност да ја предаде контролата врз Појасот Газа на кој било палестински ентитет – на палестинската управа или на ново административно тело.
Изминатата недела Хамас го отфрли предлогот на Израел за прекин на огнот, но ја истакна подготвеноста да разговара за поширок договор што ќе вклучи и ставање крај на војната.
