Македонија

Сиљановска Давкова: Папата Франциск ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност

22.04.2025 12:14

Минатата година претседателката Сиљановска Давкова, за време на неколкудневната посета на Рим и Ватикан, по повод одбележувањето на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, одржа средба со папата Франциск.

Претседателката Гордан Сиљановска Давкова, по смртта на папата Франциск на својата Фејсбук страница напиша дека по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го памети по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност.

Како народен папа, му го честиташе на христијанското семејство Христовото воскресение и утринава мирно си замина во вечноста. Јас пак, по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност, вели Сиљановска Давкова.

Минатата година претседателката Сиљановска Давкова, за време на неколкудневната посета на Рим и Ватикан, по повод одбележувањето на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, одржа средба со папата Франциск. На средбата, меѓу другото, се усогласиле околу поддршката на Ватикан на патот кон Европската унија, како и за тоа дека сме пример за религиозен дијалог.