ОЈО

Обвинителството отвори предмет за ширењето на пепелта од РЕК Битола

22.04.2025 12:17

Надлежен јавен обвинител издаде наредба до СВР Битола за вршење увид на самото место. Истовремено побарано е да се изврши и вонреден инспекциски надзор на самото место на депонијата од страна на Државниот инспекторат за животна средина.

Обвинителството отвори предмет за ширењето на пепелта од РЕК Битола за да се испита дали при одлагањето на депонијата се почитува добиената а интегрирана еколошка дозвола, главниот рударски проект и другите прописи од областа на заштитата на животна средина.

Надлежен јавен обвинител издаде наредба до СВР Битола за вршење увид на самото место. Истовремено побарано е да се изврши и вонреден инспекциски надзор на самото место на депонијата од страна на Државниот инспекторат за животна средина.

Надзорот бил извршен и биле утврдени определени недостатоци, во однос на мерките за спречување и намалување на емисијата на пепел на одлагалиштето за пепел. Инспекторатот наложил на РЕК Битола да ги отстрани утврдените недостатоци и да достави резултати за извршени мерења на амбиенталниот воздух на одлагалиштето во рок од 30 дена.

За добиените резултати и преземени мерки Инспекторатот за животна средина ќе го извести ОЈО Битола со цел процена на потребата и основаноста од понатамошно јавнообвинителско постапување.