Македонија

Сотировски: За време на папата Франциск нагорна линија во сите области на соработка со Ватикан

22.04.2025 12:35

Папата Франциск беше миротворец, вели поранешниот претседател на Комисијата за односи меѓу верските заедници, Сотировски. Тој за нас е посебно значаен бидејќи беше првиот папа кој одлучи да ја посети земјава. За време на неговиот понтификат имаме движење во нагорна линија во сите области на соработка со Ватикан, вели Сотировски...

Реформатор со нов приод во дебатата за горливи светски прашања, гласен за правата на маргинализираните и сиромашните. Ја промовираше и зајакнуваше и положбата на жената во црквата, со тоа и во општеството. Но, пред сè, папата Франциск беше миротворец, вели за МТВ поранешниот претседател на Комисијата за односи меѓу верските заедници, Сотировски. И тогаш кога се работеше за големи сили јасно ги покажуваше со прстот и со право, декадата во која дејствуваше папата Франциск е посебно препознатлива поради тоа што не беше суетен.

За нас е посебно значаен бидејќи беше првиот папа кој одлучи да ја посети земјава и одлуката да ја подигне егзархијата на ниво на епархија. За време на неговиот понтификат, имаме движење во нагорна линија во сите области на соработка со Ватикан, вели Сотировски.

Земјава и покрај различните гарнитури на власт во изминатите 30 година успеа да опстои во конструктивноста и почитта кон Светиот Престол и да ги задржи на највисоко ниво годишните средби со неговата светост и со сите авторитети од државата Ватикан.

Фиљана Кока