Собрание

Во законодавниот дом дебата за реформската агенда

22.04.2025 16:25

Зајакнување на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата клучни за забрзување на процесот на евроинтеграција. Во собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, дебата за придобивките од реформската агенда 2024 – 2027 година...

Зајакнување на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата предуслов за напредување во евроинтегративниот процес-поенти на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции.

Реформите во правосудството камен темелник на евроевропскиот пат-посочи министерот за европски прашања Муртезани. Вели, потребна е политичка храброст но и неполитичка посветеност. Реформите во образованието – клучни за градење на иднина во која младите ќе бидат конкурентни на глобалниот пазар-оценува Муртезани. Амбасадорката на Швајцарија, Улман со порака за засилена борба против криминалот и корупцијата.

Усогласувањето со европското законодавство покажа дека Македонија нема проблем со реформските, туку со идентитетските прашања-оценува претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Претседавачот на Националниот Совет Венко Филипче смета дека треба да ги примениме искуствата на други земји членки кои направија општествена трансформација со развојните европски фондови. Претседателот на Комисијата за европски прашања Антонијо Милошоски, акцент стави на зајакнување на капацитетите на институциите.

Европските пратеници, главно од Бугарија и од Грција поднесоа вкупно 313 амандмани на Предлог-извештајот за напредокот на земјава, на известувачот од Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц. Секој со свои барања за реформите, па дури и за промена на Уставот и името.

 

Марина Стојанова- Тонева