Протест

Синдикатот на културата на протест, бараат исплата на платите и почитување на колективниот договор

22.04.2025 17:14

Синдикатот на култура на протест пред Министерството за култура откако останаа без плати за велигденските празници. Министерот Љутков во петокот соопшти дека проблемот настанал поради усогласување на платите, најави дека ќе ги добијат на почетокот на неделава …

Не бараме луксуз, туку она што законски ни следува. Со оваа порака Синдикатот на културата излезе на протест да си ја бара мартовската плата.

Почитување на колективните договори, достоинствени услови за работа, стратегија за унапредување на културата – испорачани клучните барања до министерот Љутков, бидејќи како што велат, над 300 работници секоја година во април се доведени на раб на трпението и достоинството.

Поддршка за Синдикатот на културата и од Сојузот на синдикати на Македонија. 

Пред неколку дена извинување до културните работници упати министерот за култура. Љутков вели дека доцнењето е поради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финансии и покрај неговите напори платата да се исплати на време. Најави дека мартовската плата ќе ја добијат во првите денови по Велигден.

Со последното усогласување примањата во оваа дејност треба да порасне за околу осум проценти.

Викторија Милевска