Ново рочиште за грозоморните убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски
Во скопскиот Кривичен суд е закажано ново рочиште за грозоморните убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Првообвинетиот Љупчо Палевски треба да одговара на прашања од Обвинителството

Во скопскиот Кривичен суд е закажано ново рочиште за грозоморните убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Првообвинетиот Љупчо Палевски треба да одговара на прашања од Обвинителството. Минатото рочиште беше откажано поради тоа што не присуствуваше адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски кој го оправда своето отсуство од здравствени причини. Судијата Стефановски кажа дека доколку Страшевски не се појави и на следното судење, судот ќе му одреди адвокат по службена должност. Палевски на поставените прашања на неговиот адвокат, се изјасни како невин во убиствата на Вања и Панче, и дека немал ниту мотиви, ниту причина.
Претходно сведочеа Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски. Манев рече дека двете убиства ги извршил Палевски, додека Кешишев сведочеше дека видел како Палчо држи пиштол при убиството на Вања, додека за Жежовски воопшто не ни бил на местото кога се случил чинот.
