Одложена изградбата на автопатот Приштина- Блаце

11.08.2014 12:05

Ќе се чека формирањето на новата косовска влада...

Одложена изградбата на автопатот Приштина- Граничен премин Блаце на косовско-македонската граница.

Ќе се чека формирањето на новата косовска влада. Американско-турскиот конзорциум не е сигурен дека потписот на сегашниот премиер Хашим Тачи ќе биде валиден по изборите.

Оваа магистрала вредна 820 милиони евра го носи името на поранешниот претседател на ДПА, Арбен Џафери, и треба да биде готова до 2017-та година.