Ватикан

Верниците се простуваат од папата Франциск

23.04.2025 08:46

Илјадници луѓе се очекува да ја посетата светата столица во периодот помеѓу смртта на еден папа и изборот на нов – за да му оддадат почит на Франциск и неговото наследство од реформи во католичката црква...

Верниците од денеска можат да се простат од папата Франциск во базиликата „Свети Петар“. Погребот на папата ќе се одржи во сабота, со почеток во 10 часот, соопшти Ватикан. Мисата за упокојувањето на неговата светост ќе се отслужи на плоштадот „Свети Петар“.

Илјадници луѓе се очекува да ја посетата светата столица во периодот помеѓу смртта на еден папа и изборот на нов – за да му оддадат почит на Франциск и неговото наследство од реформи во католичката црква.

Шефови на држави и влади најавија присуство на погребната церемонија.