БЛИСКИ ИСТОК

Нови напади во Газа, здравството во колапс

23.04.2025 09:08

Израелската војска соопшти дека погодила 40 возила кои биле користени за терористички акции, вклучително и за извршување на напад на хамас врз израел на 7 октомври 2023 година...

Израелската армија вчера почна еден од најголемите напади врз Појасот Газа. Израелската војска соопшти дека погодила 40 возила кои биле користени за терористички акции, вклучително и за извршување на напад на хамас врз израел на 7 октомври 2023 година. Здравствените власти предупредија дека здравството се соочува со целосен колапс поради блокадата на израел на сите залихи.

Вакцинацијата против детска парализа поддржана од обединетите нации е суспендирана.