Царини

Трамп ветува дека за брзо ќе се договори со Кина

23.04.2025 09:13

Претседателот Трамп верува оти договорот за царини со Кина може да се случи прилично брзо додавајќи САД ќе бидат добри со Кина...

Претседателот Трамп верува оти договорот за царини со Кина може да се случи прилично брзо додавајќи САД ќе бидат добри со Кина.

„Тие ќе поминат многу добро, и мислам дека ќе бидат среќни, ќе живееме заедно многу среќно и идеално ќе работиме заедно. Мислам дека ќе функционира многу добро“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Трамп постави увозни даноци од 145 насто за Кина, на што се спротивстави Пекинг со царини од 125 проценти за американските стоки. Трамп постави тарифи на неколку десетици земји, предизвикувајќи пад на берзата и зголемување на каматните стапки на долгот на САД.